Во Хрватска се наоѓа еден од само четирите острови со облик на срце во светот

ЗАБАВА

Во Хрватска се наоѓа еден од само четирите острови со облик на срце во светот

 

Објавено пред

 

 

 

Вниманието на светската јавност Хрватска го привлече уште во 2008 година, кога Google Earth нејзин остров прогласи за еден од само неколкуте во светот, со облик на срце.

Имено, островот Галешњак, кој е во форма на срце е вистинска сензација, а неговото второ и попопуларно име е Остров на љубовта.

Се наоѓа во близина на Задар и е омилена дестинација на паровите, особено за Денот на вљубените.

Површината на островот е 130 хектари и истиот е ненаселен, но може да им се изнајми на партнери кои сакаат да побегнат од цивилизацијата. Галешњак е еден од четирите природни острови во светот кои имаат форма на срце.

Универзитетот во Задар дури спроведе истражување и откри дека на островот постојат три илирски гробници и можни остатоци од засега неистражена структура.