Урнати објекти: Индонезија повторно се тресе

Земјотрес со јачина од 6,2 по Рихтерова скала го погоди индонезискиот остров Ломбок каде во неделата имаше земјотрес од 6,9 степени.

Епицентарот бил во североисточниот дел од островот на длабочина од 12 км. Ова е трет силен потрес во Ломбок за нешто повеќе од една недела.

Во претходниот потрес загинаа најмалку 130 луѓе, десетици илјади се без покрив, а сега локалните медиуми јавуваат за урнати објекти.