Започна најголемиот штрајк во историјата на „Рајанер“

Денес пилотите на најголемиот европски авионскиот превозник „Рајанер“,  започнаа со најголемиот штрајк во историјата на компанијата.

За таа цел околу 400 летови се откажани, а штрајкот првично е најавен дека ќе трае 24 часа. Во него се вклучени пилоти од Белгија, Шведска, Холандија, Ирска и Германија. 

Со оваа одлука најпогодени се 55 илјади патници, најмногу од Германија, односно 42 илјади. Пилотите инсистираат на нов договори со поголеми плати и подобрување на работните услови.