Викендов по вотр пат Интернационален Олимписки пливачки маратон на 10 км

Клубот на спортови на вода “Охридски бранови 2008” Охрид, со задоволство го најавува одржувањето на по втор пат во Македонија Интернационалниот Олимписки пливачки маратон на 10 км. “Охрид 2018” кој ќе се одржи на 11,08,2018 сабота на Охридското езеро на водената површина помеѓу старото Пристаниште  хотел Палас и хотел Милениум. Предвидено е стартот на трката за мажи да биде во 12 часот , за жени во 12:05ч, а пристигнување на пливачите на целта се очекува околу 14 часот кога ќе се доделат медали за победниците.
За регуларноста на пливачкиот маратон на 10 км , како олимписка дисциплина ќе се грижат судии од Меѓународната пливачка федерација ФИНА и клубот Охридски бранови 2008