ЕКСКЛУЗИВНО: Се подготвува изнајмување на плажата Лабино

Дали Лабино ќе стане комерцијална плажа ? !

Во Локалната самоуправа се разгледува можноста плажата „Лабино“ да се изнајми под концесија - дознава „Охрид 1“ од извори во Кабинетот на Градоначалникот Јован Стојаноски.

Нашите добро упатени извори јавуваат дека идејата стои пред Градоначалникот Стојаноски, а за оваа плажа биле заинтересирани познати угостители од Охрид.

Плажата „Лабино“ е последната слободна плажа во урбаната зона на Охрид на која може да се престојува без да се трошат пари.

Концесионирањето на оваа плажа беше топ тема во јавноста и во 2011 кога на власт беше СДСМ и кога познати градежници од тоа време сакаа да ја земат под концесија.

Плажата „Лабино“ е своевидна последна оаза на недопрена природа, без платформи, музика и угостителски објекти.

Плажата е подостапна за граѓаните со патеката која се изгради во 2016 година.

Поврзани вести