Македонија дел од Светската Таеквондо ИТФ елита во Минск –Белорусија

Таеквондо ИТФ Македонија  под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас IV дан , поранешен светски вицешампион  , од  20-27 август 2018 ќе учествува на Светското Таеквондо ИТФ  првенство за јуниори и ветерани во Минск-Белорусија.
Боите на нашата држава ќе ги брани , искусниот Ацо Јосифски црн појас IV дан, поранешен светски шампион, освојувач на 2 бронзени медали на последното Европско првенство кое се доржа во Талин –Естонија  оваа година,кој    ќе се натпревараува  во две дисциплини , во форми за црн појас IV дан ветерани и борби -64  кг ветерани.


 Подготовките  течеа последните 2 месеци секојдневно , го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солиден  резултат, знаеме дека кокуренцијата е огромна, но тоа е уште поголем мотив за освојување на медал од ова Светско првенство.  Кориситиме  прилика да изразиме  најголема благодарност на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен за нашите досегашни успеси,  и огромна благодарност до ОПШТИНА-ОХРИД , која не  спонзорира за ова Светско првенство,а ние како спортски амбасадори се обрзуваме дека достојно ќе ја преставиме нашата Република Македонија, , вели Марјанчо Лазаревски предводникот на нашата репрезенатција