Олимпискиот пливачки маратон сниман од нуркачите на „Акватек“

Членовите на Нуркачкиот центар „Акватек“ од Охрид направија невообичаени, но одлични снимки под вода од Олимпискиот пливачки маратон, кој пред една недела се одржа во водите на Охридското Езеро.

Унгарецот Петер  Галицз во машка и Јована Јечхански од Србија во женска конкуренција беа најбрзи на патеката долга 10 километри, во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ од Охрид. Учествуваа осум пливачи од кои 5 во машка и 3 во женска конкуренција од 4 земји – Унгарија, Чешка, Србија и домаќинот Република Македонија.

Ohridpress.com.mk