Во Охрид наскоро ресторан и Скај Бар по светски терк

По примерот на познат ресторан од Чикаго, во Охрид се гради нешто што на градот му недостасуваше.


Терасата на Скај барот во градба од каде се пружа поглед на Стар Град и езерото.


Во центарот на Охрид летово граѓаните но и туристите кои го посетуваат гледаат како една стара зграда која никој до сега не ја воочуваше дека постои станува репрезентативен објект кој целосно го менува изгледот на кружниот тек кај „ Бистро Корнер “.

Стаклената фасада на новиот објект е речиси готова и дава нов изглед на овој дел од центарот на градот.

Со секое ново стакло кое се поставува на фасадата се наѕира новиот хотел, а со секој поставен елемент од кровната купола која исто така е од стакло, се исцртува новиот бар кој се наоѓа на самиот кров од хотелот и од каде се пружа уникатен поглед на Охрид и езерото.


Хотелот ќе е конципиран како „ small luxury hotel “ 
 со 17 соби, додека угостителскиот објект ќе има 140 седишта.
Од компанијата инвеститор ИНФО БИРО велат дека сакаат да донесат нешто ново во градот, кое ќе го промени на подобро животот и понудата со која како град се презентираме пред сите кои го посетуваат Охрид.


Место кое се создава за уживање. Скај барот целосно изграден од стакло, и климатизиран.

„Идејата е да се оформи еден бар кој ќе нуди нов начин на забава навечер, нов начин на уживање во текот на денот и секако нов ресторан кој ќе понуди врвна кујна и услуга“ - велат од ИНФО БИРО.



Компанијата ИНФО БИРО е една од нај реномираните компании во државава, со реноме како во домашниот бизнис свет, така и во земјите од регионот.

 
„ Бистро Корнер “ за кратко време стана култна  локација за „кафе ритуал“ во Охрид.

Последните години оваа компанија реализира серија инвестиции кои оставија белег на градот Охрид, почнувајќи од „ИБ Фитнес центарот “ кој донесе големи промени во личниот спортски живот на Охриѓани, потоа „ Бистро Корнер “ кое за кратко време стана омилено градско свратилиште, а наскоро доаѓа и новиот хотел, ресторанот и барот на кровот кои сигурно ќе остават свој траг.


Кружниот тек пред објектот е своевиден мал светен парк.

Пресекот на „Булевар Туристичка“ и „Македонски Просветители“ со кружниот тек и инвестициите кои тука ги реализира оваа фирма, доби еден нов дух и нов живот и целосно се промени старата визура на просторот, кој од ден на ден како што се привршуваа објектите, почна да наликува на вистински светски центар на модерен град.