Таеквондо ИТФ Македонија со медал од светското првенство во Минск Белорусија

Таеквондо ИТФ Македонија  под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас IV дан , поранешен светски вицешампион  , од  20-27 август 2018 учествуваше на Светското Таеквондо ИТФ  првенство за јуниори и ветерани во Минск-Белорусија.
 Боите на нашата држава ги бранеше , искусниот  ветеран Ацо Јосифоски црн појас IV дан, поранешен светски шампион, освојувач на 2 бронзени медали на последното Европско првенство кое се одржа во Талин –Естонија  оваа година,кој на ова Светско  се натпреварауваше  во две дисциплини , во форми за црн појас IV дан ветерани и борби -64  кг ветерани , при што Ацо Јосифоски успеа да освои борнзен медал во форми за црн појас IV дан ветерани на ова Светското Теквондо  ИТФ првенство во Минск, Белорусија, во конкуренција  на натпреварувачи од околу 70 земји учеснички, многу појаки и економски и спортски. На крајот само 4 знамиња  на врвот, а едно од тие 4 знамиња и Македонското знаме, со што можеме и да се пофалиме дека ова е најплодната година за Македонското ИТФ Теквондо до сега, изјавува  претседателот Марјанчо Лазаревски,кој користи прилика да изрази најголема благодарност до „ПН Метал“, за кои вели дека се најзаслужни за рејтингот на Таеквондо ИТФ Македонија  и сите досегашните успеси .
Истотака Македонското ИТФ Теквондо  изразува  огромна благодарност до општина “Охрид” која го спонзорираше ова светско првенство, и се надеваат дека ја оправдаја довербата кај сите што веруваа во нив.