Наскоро во вселената ќе се оди со лифт

Според научниците на Универзитетот во Шизуока, наскоро ќе биде објавено првото тестирање со минијатурна верзија на лифотот . Научниците се надеваат дека со долги кабли поставени во вселената меѓу два сателита ќе испратат минијатурен лифт со димензии 6x3x3 сантиметри.

Со ракета ќе биде пренесен потребниот материјал , а нејзиното лансирање е најавено за 11 септември од базата Тенегашима.

Идејата за лифтови и сајли во вселената била неколку пати разработувана во последните 150 години , но сега јапонските научници сметаат дека технолошки се доволно подготвени за да го изведат овој експеримент. И не само тоа.

Фирмата ,,Обајаши” , која соработува со научниците од Шизуока , планира во 2050 преку овој систем да превезува туристи во вселената. Тие планираат да постават цврста карбонска наноцевка , кабел што би бил 20 пати поиздржлив од челичниот. Кабината на лифотот би се движела благодарејќи на шипка долга 96 000 километри , четвртина од оддалеченоста меѓу Земјата и Месечината.