Mицкоски го повика Заев на ТВ дуел за спогодбата со Грција и за владините скандали

Имајќи предвид дека поминаа 4 месеци од нашето последно јавно соочување, а се случија многу работи, почитуван претседател на Владата Зоран Заев ајде заедно на дебата на ТВ дуел, повика синоќа Христијан Мицкоски, претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.
 

Во синоќешното обраќање Мицкоски рече дека на ТВ дуелот ќе треба да се дискутира за спогодбата со Грција, за лагите и лажните очекувања, за аферите, корупцијата,  скандалите...

„Многу работи мораат да бидат слушнати, јасно и гласно. Ајде  пред граѓаните да разговараме отворено јас и Вие и искрено за сите случувања што изминаа минатиот период за договорот, но и за сите останати теми што живот значат за граѓаните пред 30 септември. Овој пат почитуван претседател на Владата Зоран Заев, за Македонија се работи“, повика Мицкоски.