Претседателот на Косово Тачи денеска во посета на Македонија

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска ќе престојува во работна посета на Македонија и ќе има средба со премиерот Зоран Заев, соопшти владината прес-служба. Средбата е закажана за претпладне, по што ќе следува и билатерална средба на делегациите на двете земји, соопштија од Владата.