ВО РОМАНИЈА СЕ УКРАСУВА ЗА НОВА ГОДИНА

Во градот Барлад во источна Романија денес почнаа да поставуваат новогодишните светилки. Од комуналното претпријатие рекле дека морале да почнат со украсување сега, оти во градот има само двајца работници што работат на украсувањето, а сè треба да е завршено до 1 декември, пренесуваат романските медиуми. Инженерот и работникот што украсуваат во целиот град, тоа го прават само со едно возило.

Оваа година градот Барлад купи 238 нови декорации за новогодишно осветление. Тие ќе ги красат градските улици со вкупна должина од 11 километри. Барлад има речиси 56.000 жители и се наоѓа на брегот на истоимената река. Таму бил роден романскиот принц Александар Јоан Куза, првиот владетел на обединетите кнежевства Молдавија и Тара Романеаска.