Никогаш Северна, секогаш Македонија - Антички закитен со транспарент пред референдумската дебата

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска е во посета на Охрид каде што заедно со градоначалникот Јован Стојаноски на Античиот театар треба да одржат средба со младите.

Дел од Охриѓани со  порака до Димитров и Стојаноски на транспарентот поставен на Античкиот Театар на кој пишува „Никогаш Северна, секогаш Македонија“.

Неизвесно е како референдумот ќе помине во Охрид, каде СДСМ си поставил таргет од 25 000 гласови, а според аналитичарите и познавачите на приликите реално е за очекување партијата со сите коалициони партнери и малцинствата едвај да стигне до бројка од 16 000 гласа.

Со овој потег охриѓани ги потсетуват Владата на Република Македонија, министерот Димитров и градоначалникот Стојаноски за уставното име Република Македонија и даваат до знаење дека не сакаат преку Договорот со Грција тоа име да биде променето.