Успешна приказна веќе полни 24. лета – Салоните за мебел „Гир Риг“ го слават 24. роденден

Охридските салони за мебел „Гир Риг“ деновиве го прославуваат 24-тиот роденден.

– Растеме заедно, соработуваме, опремуваме најмодерни домови и канцеларии, помагаме, наградуваме… Денес со салони во три градови и преку 25 вработени. Наскоро со ГОЛЕМО изненадување… Започнавме со работа во далечната 1994. година, скромно и во салон на само 80 м2 со неколку вработени. Со постојана грижа за купувачите, зголемување на асортиманот, успеавме да ја заслужиме нивната доверба што резултираше и со зголемен обем на работа и проширување на компанијата. Во 2004. година се преселивме во сопствени простории на преку 2.500 м2. Низ годините „Гир Риг“ прерасна во сериозна и општествено одговорна компанија, која е нераскинлив дел од животот на градот. Зад нас се години на посветеност, грижа за потрошувачите и продажба на најквалитетни производи. Во 2009. година компанијата отвори салон во Битола каде по многу кратко време беше препознаена како сериозен партнер. Во 2011. година „Гир Риг“ беше прогласен за најпопуларен салон за мебел на територијата на Битола. Компанијата денес поседува модерен салон во Битола на преку 500 м2. Во 2013. година „Гир Риг“ отвори салон на над 1.000 м2 во Кичево. Во 2015 година во рамките на салоните во Охрид, Битола и Кичево беа отворени  специјализирани продавници за продажба на душеци и системи за спиење од светски познатиот бренд „Dream by Almak”, порачуваат од „Гир Риг“.

Додаваат дека нивната интенција е секогаш да бидат што е можно поблиску до купувачите и адекватно да одговориме на нивните желби и потреби за квалитетен мебел по пристапни цени во своите домови.

 

– Во чест на роденденот, од 17-ти до 22-ри септември одобруваме попусти од 5 до 20% во сите салони на „Гир Риг“ во Охрид, Битола и Кичево. Одиме понатаму, 24 години со Вас. порачуваат од салоните за мебел „Гир Риг“.