Градот Бечеј остана без „Бурекџилница Охрид“

После повеќе од 40 години во Бечеј се затвори бурекџилницата „Охрид“, бидејќи нејзиниот сопственик Наќе Стојановски кој е Македонец се пензионирал после повеќе од 40 гони работа и правење бурек на ова место.

Бурек „Охрид“ била лоцирана во центарот на Бечеј.

Историјатот на бурекџилницата „Охрид“ во Бечеј и фамилијата на Наќе Стојаноски која уште пред Првата светска војна се преселила во Србија погледнете го во видео материјалот.

БУРЕКЏИЛНИЦА ОХРИД ИМА И ВО ЗРЕЊАНИН



Во градот Зрењанин исто така постои бурекџилница која се вика Охрид, а таа е во сопственост на семејството Најдовски, кое ја отворило уште во далечната 1965 година, а таа постои и успешно работи и денес.