Продолжена забраната за влез на познатата плажа од филмот со Леонардо Ди Каприо

Тајландските власти денеска објавија дека плажата, која беше прославена со филмот „Плажа” во кој глуми познатиот актер Леонард Ди Каприо, и натаму ќе продолжи да биде затворена за да се опорави од штетата предизвикана од туристите.

Во март беше објавено дека на туристите ќе им биде забрането да доаѓаат на Маја Беј во периодот од 1 јуни до 30 септември, но сега тие соопштија дека плажата, кој е дел од националниот парк, ќе биде затворен од 1-ви октомври до наредната година, објави „АП“.

Медиумите претходно објавија дека Маја Беј ќе биде затворена за да се опорави коралниот гребен и морскиот свет.