Најсуровото запросување на сите времиња

Еден маж ја лажираше својата смрт на мотор во сообраќајна несреќа, а потоа “се врати во живот” за да ја запроси својата вознемирена девојка.

Снимката од овој настан е забележана на Филипините. На неа се гледа како Џефри Делрио лежи на улица, додека полицајката ѝ кажува на неговата девојка да се подготви за најлошото.

Додека тој лежеше, таа се свртела кон него и почнала да плаче.

Меѓутоа, набрзо станал и клекнал на едно колено и од џебот ја извадил кутијата со прстен. Во тој момент ја запраша својата девојка дали сака да се омажи за него и таа се согласи.

Кога се согласи, таа ја прегрнала полицајката и заплакала од среќа и олеснување што момчето ѝ е живо.

Целата глетка беше снимена од пријател на овој пар, кој запросувањето го карактеризирал како романтично.

Меѓутоа, нè сите беа импресионирани. Имаше и такви кои сметаат дека постапката на овој маж била сурова.