Изгубена цивилизација: Новооткриени цртежи укажуваат на постоење на досега непознат древен народ

Научниците пронашле постари уметнички дела кои даваат нов увид во претходно непозната цивилизација, а исто така отвориле и многу прашања.

Новото откритие во западна Индија ги шокирало археолозите и навестува постоење на претходно непозната древна цивилизација.

Како што пишува “BBC”, истражувачкиот тим пронашол илјадници петроглифи – врежани слики во камен во регионот Конкан, во индиската држава Махараштра.
 

Сликите, кои датираат до 10.000 години пред нашата ера се врежани во рамни камења и во главно се наоѓаат на подрачјата Ратнагири и Раџупурга, во регионот Конкан.

Резбариите – кои прикажуваат широк спектар на работи како што се животни, луѓе, птици и геометриски облици – им дале нов увид на археолозите во древната историја на ова подрачје.

Нивната разновидност ги шокирала археолозите.