Испиени 7,5 милиони литри пиво и изедени 200.000 колбасици на „Октоберфест“ во Минхен

По 16 дена, вечерва завршува најголемиот светски саем – „Октоберфест“ во Минхен. Според прелиминарните извештаи, овогодинешниот „Октоберфест“ во Минхен го посетиле рекордни 6.300.000 посетители од целиот свет.

Најмногу посетители биле од САД. Се испиле 7,5 милиони литри пиво, се изеле околу 200.000 колбасици, околу 80.000 коленици и дури околу 460.000 пилиња.

Манифестацијата помина во многу добро расположение и добра атмосфера, а организаторите велат дека немало никакви проблеми. Немало ниту безбедносни проблеми, со оглед дека беше присутен голем број припадници на обезбедувањето, а сите посетители биле прегледани на влезот.

Се знае дека следниот „Октоберфест“ исто така ќе трае 16 дена и дека ќе почне на 21 септември 2019 година.