Црните појаси на колена пред обоените појаси од “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, на Босна ОПЕН 2018

  Викендов во Добој БиХ се одржа традиционално еден од поквалитетните А класа Теквондо ИТФ турнири на Балканов. На овај турнир учествуваа околу 350 натпреварувачи од 28 клубови од 7 земји во регионов, Србија, БиХ, Словенија, Хрватска, Словачка, Аустрија и Македонија.На овај престижен турнир учествуваше Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид со 8 натпреварувачи кои натпреваруваа во 2 дисциплини, форми и борби поединечно.
  Поради обврски на училиште не беа во можност дел од нашите натпреварувачи да дојдат на овај престижен турнир. На овај турнир можеме да се пофалиме дека сите наптреварувачи се закитија со медали од кои само тројца не се закитија со по 2 медали.Можеме да се пофалиме дека нашите натпреварувачи блеснаа во најубаво светло  каде прикажаа извонредна техника,  борбеност  и шампионски дух, со што добија најголеми пофалби од сите тренери кои беа присутни на овај турнир.Можеме да се пофалиме дека некои наши натпреварувачи во полуфиналните и финалните борби се сретнаа со црни појаси и со репрезентативци на други држави кои имаат учествувано на европски и светски, но тоа не беше никаква препрека за нашите херои, кои  без проблем и атрактивно ги поразија нивните  противници, при што Мари Крстески , Антонио Јанески и Стефан Каланоски докажаа дека квалитетот на нашата школа е врвен а воедно се потенцијални репрезентативци на Македонија се надеваме за брзо време, исто така за пофалба е и Елена Јанеска која се закити со 2 златни медали, која требаше да земе и пехар за најдобра кадетка, но пристрасноста беше појака кај судиите , а Божидар Димитриевиќ повторно се враќа во елемент кој влезе во повозрасна  категорија, но тоа не му сметаше да го одработи мајсторски овај турнир . Истотака можеме да се пофалиме дека имавме една од ретките прилики да се вратиме со најмногу златни а најмалку бронзени медали , што многу ретко се случува.Од овај престижен турнир се вративме со 6 златни медали, 4 сребрени и 3 бронзени, вкупно 13 медали. За квалитетот на нашите натпреварувачи и сите наши успеси  е најзаслужен нашиот генерален спонзор:
“ПН МЕТАЛ”, кој и овај пат ни овозможи да одиме на овај престижен турнир , при што користам прилика во име на клубот да изразиме најголема благодарност до него, вели Марјанчо Лазаревски- тренер и претседател на клубот.
 
Освојувачи на медали се:
 
Елена Јанеска
1 место –злато борби -50 кг кадетки 11-13 години
1 место –злато форми жолт појас кадетки 11-13 години
 
Антонио Јанески:
 1 место –злато борби -60 кг јуниори  14-15 години
 2 место –сребро форми зелен појас јуниори  14-15 години
 
Стефан Каланоски:
2 место –сребро борби -57кг јуниори  16-17 години
1 место –злато форми зелен појас јуниори  16-17 години
 
Божидар Димитриевиќ:
2 место –сребро борби  + 65 кг јуниори  14-15 години
2 место –сребро форми плав  појас јуниори  14-15 години
 
Јане Димов:
3 место –бронза борби + 75 кг јуниори  16-17 години
1 место –злато форми зелен појас јуниори  16-17 години
 
Марио Крстески:
1 место –злато борби -45 кг кадети 11-13 години
 
Давид Крстески:
3 место –бронза борби -40 кг кадети 11-13 години
 
Филип Трифуноски:
3 место –бронза борби +60 кг кадети 11-13 години