Влада: Македонија ги започнува преговорите за членство во НАТО

Владата на денешната седница ја разгледала и ја усвоила Информацијата за елементите од пристапните разговори за членство во НАТО, кон кои Република Македонија треба да се приклучи на 18 и 19 октомври, во седиштето на Алијансата во Брисел.
 

Како што се наведува во соопштението, исто така, Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за формирање Работен комитет за интеграција на Република Македонија во НАТО.

Членовите на Работниот комитет за интеграција на Република Македонија во НАТО се задолжени да ги спроведат пристапните разговори на Република Македонија во седиштетото на НАТО во Брисел, се наведува во соопштението од владината прес-служба.