Мотивот за морничавото и злобно убиство на новинарката Викторија е откриен

Локалниот бугарски портал Русе 24 пренел дека неколку метри од местото каде е пронајдено телото на убиената новинарка Викторија Маринова е пронајден дел од црвена блуза која ја носела тој ден.

Претходно регионалниот обвинител Георги Герогијев потврдил дека дел од нејзината облека и клучевите од автомобилот и нејзиниот мобилен исчезнале. Исто така, истражувачтите потврдиле дека на местото на убиството есе пронајдени многу ДНК примероци, што за поедини е доказ дека станува збор за избрана жртва.

Таквиот став го подржува и бугарскиот криминолог Ботево Ботев кој гостувајќи во утринската програма на БТВ телевизија рекол дека верува дека мотивот за убиство нема врска со истражувањето за корупцијаа на кој Маринова работела последниве месеци, туку дека е „обичен случај“.

Напаѓачот е „психопат на кој не му е првпат да напаѓа жени“, рекол Ботев потсетувајќи на нерешениот случај на бруталното убиство на жената од истиот град  кој се случил пред повеќе од десет години и неколку убиства во Софија, на кои исто така им претходеле силувања, а кај кои изборот на жртвата е случаен.

Сепак, колегите на убиената новинарка не се сложуваат со тоа, дури поедини бараат истрагата да ја преземе меѓународниот истражувач сомневајќи се во бугарската полиција.