Америка на нозе, Меланија го кажа тоа што никогаш не смееше

Јавноста со нетрпение го чека 12. октомври кога на телевизијата АБЦ ќе се прикаже ексклузивно „еден на еден“ интервјуто на првата дама на Америка, Меланија Трамп.

Во ова интервју првата дама открива многу непознати детали од својот живот, но најпосле ќе разјасни работи за кои само постоеле прашалници.

Како што стои во најавата, немало никакви забранети прашања, па Меланија ќе открие како изневерувањето на претседателот Доналд Трамп влијае на нивниот брак.

Водителиот не ја пропуштил можноста да го постави прашањето за познатата јакна од Зара, која ја својот грб имаше натпис „Баш ми е грижа, а вас?“, кога госпоѓата Трамп беше во посета на децата мигранти кои се одвоени од родителите поради илегално минување на границите. Многумина таа јакна ја доживеаја како нејзина лична пресметка со американскиот претседател и неговата политика за мигрантите.

Интервјуто под називот „Being Melania - The First Lady “ (Да се биде Меланија - првата дама) ќе биде објавено за време на нејзината посета на Африка, која воедно е и нејзино прво самостојно патување во странска земја откако нејзиниот сопруг е на власт.