Што е тоа ЗЕМЈА ДЕМБЕЛИЈА ? !

Информацијата дека вчера Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски најмалку по трет пат прочита препишан говор која вчера ја објави „Охрид 1“ и во која административната зграда на „Општина Охрид“ ( во која Градоначалникот има над 10 портпароли и чита препишани говори ) ја споредивме со „Земја Дембелија“ на Фејсбук предизвика потсмев, сожалување и презир, но кај дел од публиката отвори и прашање:

Што е тоа ЗЕМЈА ДЕМБЕЛИЈА ? ? ?

Одговорот е следен:

„ Земја Дембелија “ е средновековна митска земја населена со луѓе наречени ДЕМБЕЛИ во која никој ништо не работи, а сите живеат во изобилие. Замислено место на лесен живот, каде секој може да спие кога ќе посака. Дембелија е земја каде сите уживаат по цел ден и во таа замислена земја единствена работа е ДЕМБЕЛИСУВАЊЕ.

За „Земја Дембелија“ постои и вредна уметничка слика која е дело на познатиот холандски средновековен уметник Питер Бројгел.

Дали е управата на Општина Охрид модерната „Земја Дембелија“ населена со партиски дембели или луѓе кои ништо друго не знаат да работат освем на дембелисуваат проценете сами.




 

Поврзани вести