Во Тајван отворен најголемиот центар за сценска уметност на светот

Во Тајван е отворен најголемиот центар за сценска уметност на светот. Станува збор за просторен комплекс со четири театарски сали во градот Каосиунг, опишан како најголем центар за сценски уметности во светот.

Националниот уметнички центар во Каосиунг беше отворен во октомври и се протега на 3,3 хектари под еден покрив. Се состои од концертна сала, театар, опера и читална за поезија.

Изградбата на Центарот на местото на поранешната касарна траеше осум години, а трошоците за него изнесуваа 10,7 милијарди нови тајвански долари (околу 350 милиони долари).

Концертната сала на Центарот има најголеми оргули во Азија, со 9.085 цевки.

Холандската артитектка Франсин Хубен работеше на дизајнот на Центарот, кој ја одразува неговата тропска локација и врската со морето.