За прв пат: 8K видео од вселената

Првото видео од вселената, снимено во 8K формат, го објавија НАСА и Европската вселенска
агенција (ЕСА). Видеото е снимено на Меѓународната вселенска станица (ISS).

Уникатното видео го покажува животот на космонаутите на ISS, како и зачудувачките погледи на
Земјата од вселената. Видеото беше снимено во станицата користејќи дигитален фотоапарат
Helium 8K на компанијата RED.

Друго прашање е тоа што само ограничен број луѓе можат да уживаат во 8K видео, бидејќи таквите
екрани се ‘уште се ретки. 4K дисплеите започнаа да навлегуваат едвај неодамна, а масовно
распространетиот стандард за квалитет останува Full HD.