Ватикан: Свештениците преку интернет да се поврзуваат со луѓето што не доаѓаат во црквите

Свештениците би требало да работат и преку интернет доколку сакаат да се поврзат со луѓето што повеќе не доаѓаат во црква, но се достапни по пат на социјалните мрежи, изјави ватиканскиот експерт за дигитализација, Пол Тиње, познат по тоа што работеше на интернет-презентациите на папата Франциско.

Тој го повика католичкото свештенство во светот да ја прифати употребата на социјалните мрежи за да допре до верниците и неверниците, пренесе „Ројтерс“.

Според него, малдите сè помалку се присутни во црквите, а социјалните мрежи се механизам што овозможува комуникација и пристап до луѓето до кои инаку не може да се допре.

Папата Француско има профил на „Твитер“ и речиси 18 милиони следбеници. Неговите објави често се споделувани, но голем број црковни поглавари не го следат неговиот пристап.