Со својот танц во Гана, принцот Чарлс ѝ зададе домашна задача на Тереза Меј

Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила моментно се на турнеја во Западна Африка во име на британската влада, а наследникот на тронот за време на посетата на Гана ги покажа своите танцувачки способности, пишува „Дејли мејл“.

Тој танцуваше со танчари во Гана на звуците на нивната традиционална музика на тамошен културен настан.

Медиумите пишуваат дека тој ги одушевил присутните и дека дури ѝ задал домашна задача на британската премиерка, Тереза Меј, чиј танц многумина го коментираа во изминатите месеци.
 

За време на турнејата тие ги посетија Гана, Нигерија и Гамбија. Ова е прва посета на Чарлс на земјите на Комонвелтот по одлуката во април дека ќе ја наследи својата мајка на чело на овие земји.