Бачев и Петровски на кафе кај Мукоски, останатите играа оро пред портите

Филип Петроски и Јанко Бачев влегоа во домот на пратеникот Крсто Мукоски, од како Мукоски како добар домаќин излезе од својата куќа и ги повика Петресоки заедно со Јанко Бачев да повелат кај него на кафе и ракија за да се разјаснеле и разбереле.

„ Ако сакате да разговараме влезете внатре , како добар човек и домаќин ќе ве примам дома. Нај културно ве замолувам нема потреба од викање. Повелете дома, како добар домаќин ве повикувам да влезите внатре и да се разбереме. Штом сте дошле дома коректно е да ве поканам внатре, да се напиете кафе, сокче или ракија и со здравје да си ојте“ - му рече пратеникот Мукоски на Филип Петровски.

На ова Петровски одговори:

„Треба да ги разбереш овие луѓе, се возат шест саати,“ му рече Петровски на Мукоски по што влезе во куќата на пратеникот.

Насобраните поддржувачи облечени во православна иконографија, крстови и други мотиви со руска тематика продолжија да пејат патриотски песни на улицата, додека кордон полиција не им дозволуваше да се доближат до домот на Мукоски.