Нови судски рочишта за „27 април“, „Топлик“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжат судењата за случувањата во Собранието на Република Македонија минатата година, за „Топлик" и „Титаник 3".
 

Случајот „27 април“ се наоѓа во доказна постпака и се изведуваат видео материјали од безбедносните камери во Собранието.

На претходните рочишта беа прегледани снимки од безбедносниет камери во ходинкот пред канцеларијата на спикерот Трајко Вељановски, ходниците што водат до и холот пред прес-салата во Собранието.

Обвинителството на снимките посочува поголем број од обвинетите и се бележи на записник нивното движење и дејствија низ ходниците.

Судечкиот совет во предметот „27 април“ на почетокот на неделава одлучи да ја раздвои постапката за обвинетиот Сашо Марковски, кој заради нарушена здравствена состојба е на лекување во ГОБ  „8 Септември“. Раздвоената постапка за Марковски ќе продолжи по еден месец, а претходно судот ќе побара мислење за неговата задравствена состојба.

За случајот „27 април“ обвинети се уште 32 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Топлик“ и „Титаник 3“.

Во случајот „Топлик“ првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште и уште пет други лица.

Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.

Според обвинението Јанакиески и другите петмина обвинети го оштетиле државниот Буџет за 64.206.839 денари односно за милион и 44.000 евра.