Oвој град нуди 10.000 долари да се преселите

Taлса во Оклахома нуди 10.000 долари, и стан за сите оние кои планираат да се доселат и да живеат година дена. 

Проектот „Tulsa Remote" на Фондацијата на семејството на Џорџ Кајзер сака да донесе инвеститори во градот, кои сакаат да ја развиваат својата работа. 

Секој кој ќе се досели ќе добие 10.000 долари, прво 2.500 долари за преселба, па потоа 500 долари месечно до 1.500 долари на крајот на 12 месеци. 

Луѓето кои ќе се доселат ќе живеат во нов стан со 33% пониски комуналии.