Охридските теквондисти викендов на турнир во Бугарија

Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид овај викенд 24-25.11 2018 год, ќе учествува на најјакиот Меѓународен Таеквондо ИТФ А класа турнир  “Бугарија Опен 2018”, кој ќе се одржи во Пловдив, Бугарија.
   Нашиот клуб ќе учествува со скратен состав, поради училишни обврски нема да учествуваат сестрите близначки Анастасија и Ангела Велјаноски, кои се редовни освојувачки на медали, истотака и Божидар Димитриевиќ кој е апсолутен првак во своја категорија, додека Стефан Каланоски и Владимир Димитриевиќ , кои истотака се редовни натпреварувачи и освојувачи на доста медали, нема да учесвуваат поради повреди.
  Боите на нашиот клуб ќе ги бранат Давид Крстески, Марио Крстески, Филип Трифуноски, Елена Јанеска, Антонио Јанески, Христијан Митрески,Јане Димов и Давид Велковски. Се надеваме дека и овај пат нашите натпреварувачи ќе не претстават во најубаво светло и ќе успеат да се закитат со некој медал. Истотака на овај турнир се борат за критериум за учество на наредното Европско првенство , Елена Јанеска, Марио Крстески и Филип Трифуноски, па се надеваме дека некој од нив  ќе успее да обебеди пласман.
  Претседателот на клубот Марјанчо Лазаревски црн појас IVдан, користи прилика да изрази најголема благодарност до нивниот генерален  спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој и овој пат е најзаслужен за нивното учетво на овај најпрестижен турнир.