13 интересни примени на виното што веројатно не сте ги знаеле

Ако имате старо вино дома, постојат многу начини на коишто можете да го искористите. Можете да го употребите за одржување на хигиената во домот, или за разни изработки. Погледнете некои од најизненадувачките примени на виното.

1. Направете си водени бои
 

Сите знаеме дека црвеното вино може да остави навистина лоши дамки, па зошто да не го употребите ова во ваша корист? Виното можете да го користите како водена боја. Интересно е што со текот на времето, во зависност од количеството вино што сте го употребиле, тоа ќе почне да ја менува бојата. Вашата слика може да се менува пред вашите очи.

2. Оживејте го акумулаторот на автомобилот
 

Ако имате проблеми со вашиот акумулатор, малку црвено вино ќе ви помогне да го наполните. Бидејќи виното е кисело, им дозволува на електроните да се движат слободно помеѓу позитивните и негативните терминали, со ова давајќи му енергија на автомобилот.

3. Маринирајте го месото
 

Старото вино можете да го употребите за да го омекнете или да го маринирате месото. Сè што треба да направите е да го поставите месото во затворена кеса, и зготвеното месо ќе има сочна и мека текстура.

4. Направете боја за плат
 

Замислете си дека ви се истурила чаша вино. Можете да направите сè за да ја исчистите дамката, или да ја прифатите и целото парче да го направите таква боја.

5. Омекнете ја кожата
 

Виното може да ѝ помогне на вашата кожа доколку го нанесете надворешно. Можете да нанесете само вино, или да направите некаква маска. Антиоксидансите во овој пијалак ќе ја зголемат еластичноста на вашата кожа.

6. Исчистете ги овошјето и зеленчукот
Црвеното вино можете да го употребувате и за чистење овошје и зеленчук. Една состојка во него ги убива бактериите кои предизвикуваат болести, како салмонела и ешерихија коли.
7. Дезинфекција на кујната
 

Научниците од Универзитетот Орегон работеле на создавање природно средство за дезинфекција од бело вино. Покрај тоа што се справува со салмонела и ешерихија коли, се верува дека помага и во борбата против други бактерии. Научниците откриле и дека е ефективно во убивање бубачки.

8. Направете купка за вашите стапала
 

Старото вино може да го употребите и за купка за стапалата. Полифенолите што се наоѓаат во лушпата и семките на грозјето можат да ѝ бидат од корист на вашата кожа.

9. Овошни мушички
 

Сè што треба да направите е да оставите чаша вино за да ги измамите мушичките, додајте неколку капки средство за садови за да се залепат и поставете пластична фолија со мали дупки.

10. Излечете ги модринките
 

Ова е стар народен лек и изгледа дека навистина функционира. Луѓето ставале парче леб натопено во вино на модринка за таа да зарасне побрзо. Бидејќи виното содржи антиоксиданси, тоа го смирува воспаленото ткиво.

11. Ослободете се од масните дамки
 

Обично никој не сака да истури вино врз неговата облека, но ова важи само за црвеното. Белото вино, од друга страна, може да ви помогне полесно да исчистите некоја дамка, особено мрсна.

12. Боја за велигденски јајца
Можете да ги фарбате вашите велигденски јајца со природни бои и нешта што се наоѓаат во вашиот дом. Ако сакате убава виолетова нијанса, можете да ги фарбате со црвено вино.
13. Фарба за коса

Ако имате потемна боја, малку вино ќе ви даде црвена нијанса. Ако сакате привремена боја измешајте црвено вино со какао во прав и направете паста. Нанесете ја на косата и оставете да делува 15 минути. Потоа измијте ја косата како и вообичаено. За поцрвена боја можете да го измешате виното со к’на, јаболков оцет, маслиново масло и мелено кафе.