Француската Влада се откажа од зголемување на данокот на гориво во 2019 година

Француската Влада се откажа од зголемување на данокот на гориво во 2019 година, кој претходно беше суспендиран на шест месеци, изјави синоќа францускиот премиер Едуар Филип.

Тој пред пратениците во францускиот Парламент наведе дека „засега се откажува од зголемување“ во буџетот за 2019 година и и порача на Владата „да се подготви за дијалог“.

Неименуван претставник на Елисејската палата изјави дека претседателот Емануел Макрон се откажал од зголемување на данокот за гориво поради страв од ново насилство, по повеќенеделните протести шитум Франција и најголемите немири во Париз по поцвеќе децении.