Коза изеде 20.000 евра, трагедија за семејната заштеда или лажна вест

Порталот аranđelovacinfo.rs пренесува дека во шумадиското село Раниловиќ крај Аранѓеловац козата го превртела наглава живото на нејзините стопани, бидејќи изала 19.700 од 20.000 евра со кои палнирале да купат уште десет хектари земја и да го зголемат својот имот.

„Белка не’ зави во црно…Станавме рано, ги преброивме парите, бидејќи требаше да дојде човек од кој ја купуваме земјата за да потпишеме договор и да го исплатиме. Парите стоеја на масата, во собата за дневен престој, а ние отидовме на појадок“, раскажува снаат на семејството Симиќ, Милена.

Вратата од собата случајно останала отворена, што на козата Белка и’ било доволно да влеза и да се почести со купот пари.

„Кога слушнавме шушкање и бука, мажот ми стана од маста и само што не го удри срцето. Белка ги изела парите…. Останаа само 300 евра, а сите други беа искинати и изедени. Маж му од тој ден ништо не зборува, само седи, молчи и гледа во една точка“, раскажува Милена.

„Додека го правевме ова интервју, Белка се вртеше на раженот и можеме да ви кажеме дека беше многу вкусна, бидејќи останавме на ручек кај семејството Симиќ од Раниловиќ“, го завршува прилогот порталот од Аранѓеловац.

Меѓутоа, белградскитее медиуми кои се јавувале кај Симиќ обидувајќи да проверат што точно се случило, добиле остра реакција. „Телефонот од утрово не престанува да ѕвони! Престанете да се јавувате! Немам ни коза, нима ниту пари!“, рекла жена од семејството Симиќ, трвдејжи дека не слушнала за ова бидејќи „тоа не се случило“.

Останува непознато што јадела козата Белка, дали и таа самата завршила како оброк на семејството Симиќ или ништо од тоа не се случило. Но сигурно е дека оваа сторија предизвикува многу повеќе смеење, отколку лажните вести кои секојдневно се сервираат во политиката, финансиите и економијата.