Поради закана за бомба евакуирани канцелариите на Си-ен-ен во Њујорк

Поради закана за бомба синоќа за повеќе од еден час беа евакуирани канцелариите на американската телевизија Си-ен-ен во Њујорк. Заканата била упатена по телефон. Маж околу 22 часот по локално време се јавил во телевизијата и рекол дека во зградата на компанијата Тајм Ворнер на Колумбос сиркл, каде што се наоѓа и редакцијата на Си-ен-ен, се поставени пет бомби.

Обезбедувањето на компанијата веднаш ги евакуирало сите од зградата и извршило проверка.За тоа време било во прекин емитувањето на програмата.

Специјални полициски единици по детална претрага не пронашле никакви експлозивни направи.Истите канцеларии на Си-ен-ен беа евакуирани и во октомври, откако до медиумот беше доставен сомнителен пакет кој содржеше рачно направена експлозивна направа.