( ФОТО ) Кога „внуците“ го креваа „дедото“ Љубен на раце

Го креваа на раце и скандираа : Љубен, Љубен !!!

Пред точно 2 години на денешен ден оваа фотографија беше вирален хит меѓу една група членови на ВМРО ДПМНЕ од Охрид кои тогаш „ се вртеа “ околу тогашниот прв човек на локалниот комитет во Охрид и беа дел од партиското раководство.

Под доктрината на одбрана на името Македонија, одбрана на јазикот и Уставот, се водеше кампањата на партијата.

Денес Љубен Анраудов ( на сликата кренат на раце ) со официјална одлука е исклучен од партијата ВМРО ДПМНЕ, а тој преку медиумите на тие кои го креваат на раце им порача дека „внуците не треба на дедото да му ја покажуваат бавчата“.

Познавачите на приликите добро знаат дека Љубен Арнаудов немаше никаква врска со победата на ВМРО ДПМНЕ во Охрид на изборите 2016 година, но тоа тогаш не го знаеа тие кои го креваа на раце.

Сепак „Блажени се оние што не знаат“

 

Поврзани вести