Животот и светот на Јован Стојансоки ( објавено во 2015 год. )

Јован Стојаноски во 2015 година беше гостин во емисијата „Мојот Живот - Мојот Свет“ која во тоа време ја имаше својата прва сезона на порталот „Охрид1“.

Во емисијата чиј автор е познатиот охридски новинар, писател и публицист Милчо Јованоски, Стојаноски зборува за себе како човек.

Стојаноски низ разговорот зборува за своето семејство, своето детство и улицата Пирин Планина каде пораснал и цел живот живеел, за детските палавштини и крадењето сливи од сливата на соседот.

Тој ги набројува своите другари од детството со кои до крајот остана во другарски односи.

Евоцира спомени за старото училиште „Свети Климент“ каде поминал дел од школските денови и фудбалските натпревари на игралиште кај метеоролошка станица, каде скршил два заба.

„ Двата скршени заба не ги поправив до денес, бидејќи така ми се убави и ме потсетуваат на тие денови од детството“ - вели во емисијата Стојаноски.

Стојаноски вели дека имал две чудни желби како помлад, а тоа е да биде кошаркарски тренер или келнер.

За професијата келнер, тој вели дека за жал тоа е потценета професија која претприемачите не ја сватиле доволно и на правилен начин.

Стојаноски зборува за Англија, каде како стипендист поминал две години од докторските студии, но за жал тој период го доживел како еден од најдепресивните периоди во неговиот живот бидејќи тешко ја доживеал разделбата со своето семејство и пред се со децата.


Во емисијата Стојаноски го спомнува и Софронија Миладиноски, за кого вели дека академски пораснал покрај него.

Стојаноски зборува за семејството, за односот со синот и со ќерката и за семејството и се потсетува на патувањето во Америка со неговите деца.