Грданоски: Нема да те оставам на спомените, секој ден ќе те чувам во себе

Диркеторот на ЈП ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ Љупчо Грданоски кој со години е семеен пријател со прерано починатиот Градоначалник на Охрид Јован Стојаноски, по повеќе од 30 часа од како ја слушна кобната вест која многу го погоди,  се огласи на Фејсбук со посвета посветена на неговиот другар Јован Стојаноски.

„ Нема да те оставам на спомените, секој ден ќе те чувам во себе “ напиша Грданоски на Фејсбук и постира неколку фотографии од приватни дружења со покојниот Стојаноски кои низ годините другарување ги имале многу.