( ФОТО ) Политичари, функционери, граѓани ... редови кај книгата на жалост во Охрид

По завршувањето на Комеморацијата посветена на починатиот Градоначалник на Охрид Јован Стојаноски, граѓани чекаа во ред да се потпишат во книгата на жалост која е отворена во општина Охрид.

Прв во книгата се потпиша Премиерот Зоран Заев, за потоа да се птопишуваат министрите, пратениците, локалните функционери и стотици граѓани, почитувачи на покојниот Градоначалник на Охрид.

ФОТО ГАЛЕРИЈА:


Зоран Заев - Премиер на Влада на Република Македонија

Константин Георгиевски - Заменик Градоначалник на Охрид

Радмила Шеќеринска - Министер за одбрана

Оливер Спасовски - Министер за внатрешни работи

Томислав Тунтев - пратеник

Жаклина Лазареска - пратеник

Драган Тевдоски - Министер за економија

Никола Бакрачески - поранешен Градоначалник на Охрид

Ѓоко Танасоски - Директор на Царинска управа

Амбасадорот на Руска Федерација во Македонија Сергеј Бездникин и Почесниот Конзул на Руска Федерација во Охрид Велимир Стојковски.

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски
Никола Митровиќ - историчар