(ВИДЕО) Бродот Будимпешта стигна во Охрид

Попладнево транспортот на бродот „Будимпешта“ направи голем застој во централното градско подрачје на Охрид на булеварот Туристичка.

Но и покрај големиот застој, случајните минувачи со воодушувување го гледаа, затоа што ваков брод во оваа големина досега немало во Охридското Езеро. Се работи за вон габаритен транспорт кој мора да биде со придружба. Овој трнспорт се користи за сите пловни објекти кои се подолги од 12 и пошироки од 2,5 метри.

Инаку станува збор за Хидро бус за 150 патници. Бродот е идентичен како Галеб, Александрија 1 и Кристина Нова.

Дознаваме дека сите овие бродови се градени на исто бродоградилиште и со проект.