Цвета туризам опасен по животот

Во почетокот на годинава при ерупција на вулкан лава проби низ туристичко бротче на Хаваите и повреди 23 лица, а минатата година 11-годишно момче падна во кратер и загина, а и неговите родители кои се обидувале да го извлечат.

Како што пишува „Travel&Leisure“ опасните ситуации им се случиле на туристи кои премногу се добилижиле до вулкан. Стравично е што нивниот број расте, зашто вулканскиот туризам цвета.

Вулканите се природна сила која луѓето не можат да ја контролираат. При ерупција не ни преостанува ништо туку само да се оддалечиме, вели Ејми Донован, географ од Универзитетот во Кембриџ.

Дониван е авторка на текстот објавен за вулканскиот туризам во кој ги повикува да се вразумат се поголемиот број вулканофили кои не ја разбираат експлозивната природа на вукланските ерупции и така се доверуваат во опасност и себеси и луѓето кои потоа треба да ги спасуваат.
На пример, на Исланд е забележан раст на бројот на туристи токму за време на вулкански ерупции, поради што властите разгледуваат да престанат да ја известуваат јасноста за почеток на ерупциите.