Луксуз на отворено!

Ништо не може да ве оддалечи од зимскиот блуз како одмор во некој фантастичен тропски рај …

Трендот на отворен концепт на просторот, кој се поврзува со големи тераси и дворови, бришејќи ја линијата меѓу ентериерот и екстериерот е многу популарен кога станува збор за хотелското сместување.

Постојат места во светот кои нудат приватност и чувство на слобода, можност да скокнете директно од удобниот и голем кревет на луксузната вила во приватен базен или да уживате во бујното зеленило.

Еве ги нашите предлози за au naturel хотели и одморалишта каде што ќе се чувствувате како да сте во приватен рај.