ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ПРАВИТЕ ДЕНЕС – ОБИЧАИ ЗА БОЖИЌ

Обичаи по повод Божик: Поставување на бадник, посипување на подот со слама, тропкање и свирење, правење погача…

Божик е дар над даровите, ден во кој се открило тоа што е единствено ново под сонцето. Бог не учи да не се одвојуваме едени од други, туку едни на други да си помагаме во тешки моменти, да ги сакаме луѓето, да помагаме на слабите и сиромашните и братски да делиме добра, се зборови со кои српскиот патријарх Иринеј го опиша најрадосниот христијански празник Божик.
 

Римокатоличката (западната) црква, како и некои православни цркви, кои го користат новиот календар, Божик го одбележуваат на 25 декември. Меѓутоа, источните цркви кои го користат Јулијанскиот календар овој празник го слават на 7 јануари. Божик во многу држави во светот е верски, но и државен празник.

Меѓу најзначајните обичаи кои се карактеристични за овој празник се поставување на бадник, посипување на подот со слама, тропкање и свирење, правење погача, положајник…

На големиот празник претходи и голема подготовка оличена во 40 дневен божикен пост. Бадната вечер и Божик традиционално се прославуваат семејно, а со убаво украсување на куќата во духот на овој голем празник дополнително се потенцира свечената атмосфера.
За Божик луѓето, наместо вообичаениот поздрав се поздравуваат со „Христос се роди‟ и „Вајстина се роди‟.

Порано домаќинките со посебна љубов ги украсувале своите домови и така се подготвувале за денот на Христовото раѓање, а наместо елка, традиционално се кител голем Бадник и тоа најчесто со суво овошје, шишарки, бомбони завиткани во украсна шарена хартија и други пригодни украси, а децата посебно се радувале на Дедо Мраз кој им носел подароци.

Многу обичаи денес се прилагодени на современиот начин на живот. Интересно е дека за вечерата се подготвува непарен број на посни јадења, што според верувањето има врска со култот на предците. Трпезата била спуштана на под бидејќи се сметало дека така ќе биде најблиску до душите на покојните. Затоа вечерата минувала во мир и тишина, а ако имало скарани во домот, на Бадниот ден мора обавезно да се смират.

Обичај е домаќинот на Бадниот ден да оди да сече бадник, најчесто тоа е храстово дрво, а истата вечер го носел дома и со тоа го означувал почетокот на божикните празници. На Бадниот ден ништо не се изнесува од дома и се јаде посна храна. Со овој ден веќе почнува божикното славје. Постои верување дека на овој ден не е добро да се расправаме и да позајмуваме туѓи работи.

Менито за Бадната вечер речиси никогаш не се менува. Додека домаќинот е во шума и сече бадник, домаќинката меси колач, бадна погача без квасец, погача која се крши за време на вечерата, а не се сече. Од јадењето на масата, покрај лебот и солта, треба да се најде и риба пржена на масло, кисела зелка, колачи со ораси, туршија, мед, вино и грав. Секој дел од оваа празнична посна трпеза има своја симболика.

Пред Божик подот во куќата се посипува со слама, со што домот се претвара во онаа витлеемска пештера во која се родил Исус и во која се простирала слама за лежење на стоката. Во селските куќи сламата на подот лежи и по три дена, а во градовите оваа симболика е сведена на една рака слама која се поставува покрај бадникот.

На денот на Божик христијаните стануваат многу рано и одат на утринска литургија, се причестуваат, а потоа одат дома, каде е подготвена богата трпеза. Обичај е и цел ден на маса да има пченица во која е поставена свеќа. Ова природно зеленило е украс на божикната маса, а симболично претставува умирање и повторно раѓање на природата, а во христијанската вера е благослов за летнината.

Тој ден луѓето го празнуваат во својот дом, а по ручекот одат да честитаат Божик на роднините и пријателите. Коледарењето порано се правело со пеење традиционални божикни песни, а обичај бил домаќинот да ги дарува коледарите.

Православните верници вториот ден го прославуваат во чест на Пресвета Богородица, а третиот ден на Божик се одбележува како празник на Свети Стефан, првомаченик кој бил каменуван поради својата вера.

Симболи на Божик
Бадник
Тоа е обично мало, храстово или церово дрво, кое на самиот Бадник рано наутро се сече и се носи пред куќата. Навечер, пред Божик, бадникот се сече и заедно со слама се внесува во куќата. Бадникот симболично претставува дрво кое пастирите го донеле на праведниот Јосиф, а тој го запалил во студената пештера кога се родил Христос.

Слама
По бадникот, во куќата се внесува слама, која се посипува по цела куќа. Според народното верување, сламата се внесува бидејќи Исус е роден на слама.

Посна вечера
Кога ќе се внесат бадникот и сламата, домаќините седнуваат на трпезата. Вечерата е посна, обично се подготвува грав, свежа или сушена риба и други посни јадења.

Положајник
Положајник се нарекува лице кое прво ќе влезе во домот на Божик. Обично тоа е маж или машко дете. Тој на домаќините им честита Божик и со благослов им посакува добро здравје и успешна година. Симболично ги претставува мудреците кои ја следеле ѕвездата од исток и дошле на новородениот Исус на поклонение. Домаќинката потоа го послужува положајникот и го дарува со некој прикладен подарок. Тој е човек кој на Божик и за цела наредна година донесува среќа во домот.

Погача
Таа се смета за исклучително важен обреден колач. Рано наутро на Божик домаќинката замесува тесто од кое пече погача која се вика чесница. Во неа се става метална паричка, од горе се боцка со гранче од бадник и таа погача има улога на славски колач на Божик. Кога погачата ќе се испече, се изнесува на маса, каде е веќе поставен божикниот ручек.
Погачата се крши на толку делови колку што има членови на семејството во домот. Тој кој ќе го добие парчето во кое е паричката, според народното верување ќе биде среќен цела година. Кога ќе се заврши кршењето на погачата, домаќините меѓу себе го честитаат празникот и седнуваат на трпезата.

Свечен ручек
Првиот ден на Божик не се оди никаде од дома, туку семејството собрани заедно уживаат во ручекот и топлата семејна атмосфера. Божикниот ручек е прва мрсна храна по долгиот пост и секогаш е богат и разновиден, но го одбележуваат два неизоставни елементи: погача и пченица.
Ручекот е најсвечениот момент на Божик. Божикната трпеза, според народното сфаќање, мора да биде полна и богата. Правило било за Божик сите во семејството во домот добро да се најадат и напијат.