Продолжуваат температури под нулата, во Маврово снежна покривка од 73 сантиметри

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со врнежи од снег, повеќе во западните и северните делови.

Снежната покривка во овие делови дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Маврово снежната покривка изнесува 73 сантиметри, а на Попова Шапка 40 сантиметри.

Утринската температура ќе се движи од минус 6 до 1, а дневната од минус 4 до 3 степени.

Во Скопје слично време, облачно со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус 5, а дневната ќе достигне до минус 1 степен.

Од петок до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините.