Патот од Охрид до Струга ќе го исчисти пролтетта

Втор ден откако снегот е застапен на охридско-струшката ривиера, патниот правец помеѓу двата града Охрид и Струга е сеуште со снег и не исчистен. 

Дополнително проблем создадоа и новите денешни врнежи кои во голема мера го отежнуваат одвивањето на сообраќајот. Имено на коловозот има снег во поголеми количини кој е кашест и прави проблеми при возењето.

Надлежните екипи сеуште ги нема на терен да го исчистат снегот, со оглед на тоа што станува збор за оддалеченост на двата града од само 15-тина километри. Патниот правец не е ниту посипен со потребни средства кои би го заштитиле од дополнително мрзнење.

ССе препорачува на возачите дополнително  и големо внимание при управувањето со своите возила.