(ФОТО) Во пресрет на Василица банкарите вртат колбаси со паричка

Во банкарските гругови парите се вртат на секакви начини, па дури и во колбаси.

Традицијата да се врти паричка за среќа пред Православна Нова Година во Охрид се чува со години, а од година во година поедини граѓани си прават и сопствени ритуали и на различни начини „вртат“ парички за среќа.


Така вработените во „Охридска Банка“ место лепче веќе 5 години вртат колбаси, па дури се потрудиле да направат бренд „ Вртење колбаси“ кое има и свои основачи, и во овие ритуали учествуваат само мажи.

Тие традицијата која сами ја воспоставиле ја негуваат, па дури и брендираат, па така годинава покрај колбаси со паричка биле поделени и брендирани чаши со „ тајфата банкарски работници“ која секоја година учествува во ритуалот на вртење колбаси.



Вртењето паричка за Православна Нова Година е традиција која на овие простори опстанала од времето на Византија кога византиските цареви во Цариград ( денешен Истанбул ) на народот за Нова година му раздавале леб со паричка.