Градоначалникот на општина Дебарца во посета на селото Турије

Поради големите снежни врнежи кои ја зафатија нашата земја, поголемиот регион од општина Дебарца е под големи снежни наноси. Денеска градоначалникот на општината Зоран Ногачески ги посети жителите на селото Турије, кое е високо планинско место во оваа општина со големи снежна покривка. Притоа тој во својот пост на фејсбук напиша:

-А во прекрасното снежно Турје неизбежна е средбата со Митрета. Не пречека на куќниот праг. Инсистираше да влеземе внатре, за да се запознаам со неговата бабичка. Со години болна, ама и пркоси и на болеста и на годините. Си помуабетивме. За животот, за децата, за убави нешта. Неверојатно колку е убаво да се почуствува топлината на нивниот дом, во за жал празното Турје, но пред се да се почувствува топлината на нивните срца и души.
Им оставив некои намирници ( леб,колбаси, плескавици ) и си заминав исполнет со нова духовна енергија.
А Турје во зима, Турје е прекрасно, божествено. Кој не пошол не осетил, напиша градоначалникот Ногачески.
Од страна на градоначалникот беа доделени основни намирници на мештаните, кои поради тешките временски услови не се во можност да ги набават.